Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од вечерва нови цени на горивата!

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва наполноќ се намалува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар, со што ќе се продава за 59,50 денари/литар, додека пак цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе остане иста, а таа изнесува 61,50 денари/литар.

Исто така, се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и во текот на неделата ќе изнесува 27,481 ден/кг.

А пак за половина денар се зголемуваат цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кои ќе чинат 51,50 денари/литар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *