Cтpaшно: Цели семејства бoлни од Koвид-19 се смecтени во белгpaдска „Apена“

Цели семејства заразени со ковид-19 кои имаат двострано воспаление на белите дробови се сместени во белградска „Арена“, изјави Предраг Богдановиќ, медицински координар на привремената ковид болница.

Тој предупредува дека епидемиолошката сликата е многу серизона и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Утре ќе биде заокужен еден месец по повторното претворување на Белградска арена во ковид-центар. Богдановиќ за РТС рече дека за 29 дена низ болничките кревети минале вкупно 1.023

Најголем дел од пациентите се подложени на кислородна терапција и има уште 20-ина слободни места. Богдановиќ вели дека дневно се прават меѓу 30 и 50 отпусти и се трудат секој стабилизиран пациент да биде испратен на домашно лекување, бидејќи притисокот врз болниците е голем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *