Пелистер загуби но Белевска блесна со 17 погодоци

Екипите на ЖРК Кузман – Вардар и ЖРК Пелистер одиграа спектакуларен натпревар на кој беа постигнати дури 77 гола, а на крај на победата се израдуваа домашните ракометарки (43-34).

Битолчанки беа конкурентни во првиот дел и тоа најмногу благодарение на расположената Анастасија Белевска. Таа беше најзаслужна што на семафорот стоеше 18-18 по првите 30 минути.

Домаќинот имаше свој лидер во Сандра Јовевска која парираше на учинокот на гостинската ракометарка. Таа го заврши мечот со 15 реализации и беше прво име во вториот дел, кога Кузман – Вардар ја направи клучната разлика за победа.

Најефикасна на натпреварот беше Белевска со 17 погодоци, кои не беа доволни за Пелистер, кој на денешната средба играше само со седум ракометарки.

На табелата на првото место е Куманово со девет победи и само едно реми.

https://www.gol.mk/rakomet/pelister-zagubi-kaj-kuzman-vardar-belevska-blesna-vo-porazot-so-17-pogodoci?fbclid=IwAR2vy_kESiV85DzS8_5uLfE841RM36h8twoD9RqmkZhaA2v3T1r62A0gtg0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *