Кои објекти ќе ги обезбедува Армијата?

Акцискиот план од 17 точки кој вчера го усвои Главниот штаб содржи мерки и препораки како да се дејствува во следниот период за да се спречи натамошното ширење на епидемијата на коронавирусот и прецизни инструкции околу ингеренциите и задолжувањата на државните институции за секоја точка одделно.

Денеска попладне Главниот штаб закажа состанок на кој треба да се прецизира дали и на кои локации ќе се вклучи Армијата во обезбедувањето на здравствените објекти и капацитети за да може што побрзо да се изготви план и да се спроведе.

Во акцискиот план засега не е предвидена пренамена на спортски сали во објекти каде ќе се хоспитализираат заболени од Ковид бидејќи надлежните сметаат дека има доволно капацитети а дополнително треба да се вклучат и приватни болници. Спортските сали би биле во крајна нужност.

Ангелов објанува дека Главниот штаб нема овластување да издава наредби, има координатива улога и првенствена задача е да овозможи нивно побрзо и поефикасно спроведување.

Барањата за евентуален карантин на одедени области, вклучување на приватниот сектор и користење на нивните ресурси и капацитети ги носат надлежните мнистерства односно Владата.

Сите предложени мерки треба да ги разгледа управувачкиот комитет на Владата составен од министрите за внатрешни и надворешни работи, за одбрана и други функционери.

Повеќе на Телма ТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *