ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: КК Хераклеа го доби градското дерби со КК Битола МК и изби на врвот!

Во групата „Запад“, по три одиграни кола битолскиот тим Хераклеа е на чело на второлигашката табела Запад со трета победа во низа тие денес ја прославија победата во градското дерби со 82-77. Најефикасен на средбата беше Г.Трајковски со постигнати 23 поени за победниците уште кошеви постигнаа: Анакиевски 13, Мелов 12 и Митревски 11.

Честитки до домашниот тим за победата, и организацијата на натпреварот. Со нетрпение го очекуваме и наредното градско дерби, каде што се надеваме дека битолската публика ќе има можност да ги види квалитетите на двете екипи – стои во постот на КК Битола Медика Карта по ова дерби со честитки за организацијата и битолското дерби во кошарка. Секоја чест и за двете екипи за фер и коректната игра што повеќе вакви натпревари да имаме во Битола во сите спортови.

ТАБЕЛА: Хераклеа 6, Чаир2030 4, , Риниа 3, Спарта 3, Пелистер Медика карта 4, Мега Баскет 3, Тетекс ТТК 2 (-1), Охрид 2, Спорт Тим 2, Партизан Водно Санс 1 (-1).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *