Кичево вчера забележа рекорден број на новозаболени од Ковид-19!

Кичево вчера забележа рекорден број на новозаболени од Ковид-19, вкупно 55, со што ја собори досегашната цифра од 44 лица инфицирани од овој вирус. Во изминатите десетина дена во оваа општина со над 50.000 жители има драстичен скок на новозаболени од коронавирусот. Секојдневниот пораст на инфицирани придонесе вкупната бројка на заболени од појавата на коронавирусот во март да се искачи на 1.114.

  • Ако граѓаните не се придржуваат до протоколите пропишани од Владата, за очекување е и во понатамошниот период да ни се повторуваат слични бројки. Само одговорноста на сите граѓани е најдобрата превентива за заштита од коронавирусот. Уште еден апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, а ако почуствуваат симптоми што посочуваат на ковид-19 навремено да се тестираат и да се изолираат, за да не го шират вирусот на останатите граѓани” – апелира д-р Џабир Бајрами директор на Здраствениот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *