Кои се најплатените професии во Македонија!

Веќе подолго време на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во септември била 67.216 денари или 1.092 евра.

Веднаш по нив се вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари, а во однос на претходниот месец има раст од дури 14,5 проценти, а на трето место се вработените во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799 денари, или помала за 0,7 проценти во однос на претходниот месец.

Банкарите кои во минатото беа меѓу најплатените, сега се на четвртот место со просечна плата од 43.113 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *