Ковид 19: Од вчерашните починати, најмладите беа по 35 години од Охрид и Битола едниот избегал од инфективно во Битола па бил вратен

Битолчанецот кој беше позитивен на Ковид-19, синоќа почина на Инфективното одделение  во Битола, откако претходно избегал од Болницата и повторно бил вратен со интервенција на Полицијата и Брзата помош.

“Вчера напладне за време на ручекот во болницата, самоволно заминал дома со приватно возило, наводно, за да се одмори и наспие, но се напил седативи, а семејството повикало итна помош затоа што не можеле да го разбудат” – информираат од СВР Битола.

За првпат пациентот се јавил во амбуланта во битолската болница на 13 ноември, со симптоми на покачена температура и кашлица. Му била дадена терпаија и препорака за изолација и закажување на тестирање преку матичен лекар. Тој повторно се јави на преглед на 16 ноември, но сега веќе со тешко дишење и температура, а снимката покажала бронхопневмонија, по што бил хоспитализаран. Следниот ден на 17 веќе бил земен брис и добиен ковид позитивен резултат. Од Министерството информираат дека кај 35 годишниот битолчанец во системот не биле евидентирани хронични заболувања. Откако бил повторно вратен во инфектовното одделение, лекарите се обидувале но веќе не можеле да му помогнат, и покрај 40 минутните обиди за реанимација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *