ЈП Водовод изведува потпорен ѕид на коритото на реката Драгор за безбедно и сигурно водоснабдување на Битола и битолско (Видео)

Директорот на ЈП Водовод од Битола, Горан Козаров изврши увид во динамиката на изведување на активностите.

Овој проект кој е во вредност од 3.365.000 денари се регулира коритото на реката Драгор која поради нерегулираноста при надоаѓање на вода вршеше поткопување на земјиштето и дел од патот при што се спречуваше пристапот до пумпната станица со која се регулира водоснабдувањето во градот.

При таквото одронување дел од 10 киловолтниот кабел, потребен за снабдување на пумпната станица со електрична енергија остана во воздух што исто така претставуваше потенцијална опасност за регулирање на водоснабдувањето на градот но и за општата безбедност на населението.

Реализација на овој проект и изградба на потпорниот ѕид во реката Драгор пред пумпната станица за вода “Довлеџик” ќе придонесат за регулирање на коритото на реката Драгор, спречување на паѓањето на патот и соодветно сместување на 10 киловолтниот кабел за непррчена работа и континуирано водоснабдување на градот.

Исто така во непосредна близина се наоѓа и компензациониот базен на ХМС “Стрежево” до кој со овој зафат ќе се овозможи оперативен и безбеден пристап.Изведувач на градежните активности е ЈП Водовод и истите очекува да бидат завршени до крајот на овој месец.

Фото Видео ЈП Водовод – Битола

Текст – Јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *