СЗО го поздравува објавувањето на резултатите за ефективноста на кандидатот за вакцина Фајзер и Бионтек

Светската здравствена организација (СЗО) го поздрави напредокот во пронаоѓањето на ефективна вакцина против коронавирус, нагласувајќи дека безбедните и ефективни вакцини се моќно средство во борбата против Ковид-19.

„СЗО го поздравува објавувањето на резултатите за ефективноста на кандидатот за вакцина Фајзер и Бионтек, особено за нејзината ефикасност кај постарата популација, што е најризично“, соопшти организацијата на Твитер.

СЗО посочува дека милијарди луѓе ќе имаат потреба од вакцина за да се запре пандемијата на Ковида-19.

„Потребни ни се неколку безбедни и ефикасни вакцини за да ги задоволиме потребите и да го смениме текот на пандемијата“, се вели во соопштението. Во него се истакнува дека „колку повеќе кандидати за вакцина се развиваат, толку се поголеми шансите за успех“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *