Македонија во четвртиот шешир во ждрепката за квалификациите за СП

На 7 декември македонската фудбалска репрезентација ќе ги добие противниците за квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

По крајот на сезоната во Лигата на нации, комплетирани се шеширите за ждрепката за квалификациите за СП 2022. Македонија ќе биде влечена од четвртиот шешир.

Тоа значи дека сигурно нема да добиеме некој од Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија или Луксембург кои се во нашиот шешир.

Во првиот шешир се: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија и Холандија.

Во вториот шешир се: Швајцарија, Велс, Полска, Шведска, Австрија, Украина, Србија, Турција, Словачка и Романија.

Во третиот шешир се: Русија, Унгарија, Ирска, Чешка, Норвешка, Северна Ирска, Исланд, Шкотска, Грција и Финска.

Во петтиот шешир се: Ерменија, Кипар, Фарските острови, Азербејџан, Естонија, Казахстан, Косово, Литванија, Летонија и Андора.

Во шестиот шешир се: Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар и Сан Марино.

Пет групи ќе бидат со по пет селекции, а пет групи со по шест. Учесниците на фајнл-фор турнирот од Лигата на нации, Франција, Италија, Шпанија и Белгија ќе бидат во групи со по пет репрезентации.

На Светското првенство директен пласман обезбедуваат само првопласираните. Десетте второпласирани плус две селекции победници во групите од оваа сезона во Лигата на нации кои нема да бидат прво или второ место во квалификациите, ќе играат бараж. Овие 12 селекции кои ќе учествуваат во баражот, ќе бидат поделени во три групи во кои ќе се игра полуфинале и финале, победниците ќе ги дадат последните три учесници од Европа на СП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *