Пopтпаролот на Bлaда: Moжно е вовeдyвање нa вонpeдна состојба

На новинарско прашање за опцијата да се прогласи вонредна состојба на целата територија поради пандемијата, портпаролот на владата Муамет Хоџа изјави:

-Сите опции за справување на пандемијата ковид се отворени. На владината седница вчера не се расправаше конкретно за прогласување на вонредна состојба, но се очекува прво да има седница Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски. Не се исклучува можноста до крајот на неделата владата да одржи седница на која владата би донела и друг мерки за справување со пандемијата за кои јавноста ќе биде информирана, рече Хоџа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *