МАКЕДОНСКИТЕ ИДИОТИ НА БАТЕРИИ ПРОТИВ РУСКИТЕ И КИНЕСКИТЕ ВЕШТЕРКИ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишува
Тодор ПЕТРОВ

Кога ѓаволот немал работа, знаете сите што правел… така и нашите на власт во државата Македонија која истриски уникатно ненормално ја растураат, ги ловат руските и кинеските вештерки кои ги нема… Одработуваат за “дип стејт“, онаа другата “власт во сенка“ на американските разузнавачки служби во Соединетите Американски Држави, поточно Обединетите држави на Америка или United States OF America наспроти претседателот Доналд Трамп!

…На 4 октомври 2019 година американскиот државен секретар Мајк Помпео оствари неколкучасовна официјална посета на државата Македонија. Слета во Охрид, се сретна со премиерот, министерот за надворешни работи и претседателот на Квазимодо “Северна“. Помпео беше прв американски државен секретар во посета на Македонија од Колин Пауел во 2001 година и неговото доаѓање се совпадна со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу државата Македонија и Соединетите Американски Држави.

За жал, како на малоумни, Помпео ни одржа лекција, не’ предупреди да внимаваме на руското и кинеското влијание.

Според првиот американски дипломат, она на што треба да се внимава во земјата се руското и кинеското влијание.

“Ве предупредувам од ризиците од кинеските инвестиции во чувствителни технологии и нејзината стратегија за подмитување при обезбедување зделки“, рече Помпео на прес конференцијата во Охрид, објаснувајќи дека тоа може да ја загрози економската слобода на земјата. Која пародија.

Беше Помпео и замина… Кажа и остана жив… А, домашните послушници, врховистите и колаборационистите, се втурнаа ревносно да ја одработат домашната задача: Се борат против руското влијание во Македонија која, за жал, е под целосно владение на Калето и Бонд Стил! Шарлатанот од премиер кој повеќе не е, јавно даде чесен збор дека Владата со сите сили се бори против дезинформациите на Москва против членството на Македонија во НАТО…
______________________________

На 28 април 2019 година српскиот претседател Александар Вучиќ имаше средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. Кина договори 7,5 милијарди евра инвестиции, оружје и поддршка за Косово.
______________________________

На 10, 11 и 12 ноември 2019 година кинескиот претседател Си Џинпинг беше во тридневна официјална посета на Атина по покана од грчкиот претседател Павлополус. Според агендата, една од првите негови посети беше на кинеската компанија “Коско“ која пред извесно време го купи грчкото пристаниште Пиреја.
______________________________

На 1 јануари 2020 година германскиот канцелар Ангела Меркел се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во врска со рускиот гасовод од Русија до Германија преку Северното Море “Северен тек 2“. Рускиот претседател изрази надеж дека и покрај санкциите на САД, гасоводот ќе биде завршен до почетокот на 2021 година. Со кратки ракави остана само Украина во која САД предизвика граѓанска војна по рецептот “Шарена револуција“ како во Македонија, тоа ја подели државата и украинскиот народ за навек. Во таа војна Украина трајно го изгуби Крим, украинските златни резерви се преселија на Запад надвор од земјата, Украина ја изгуби транзитната такса од руските гасоводи преку Украина кон Западна Европа, милијарди изгубена добивка. Москва експресно ја компензира загубата на трназитните гасоводи преку Украина, со гасоводите преку Северното море до истата дестинација Западна Европа.
______________________________

На 8 јануари 2020 година во Анкара, претседателите на Турција, Русија и Србија, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија Бојко Борисов ја пуштија во работа делницата на гасоводот Турски тек, мегапроект од корист за милиони луѓе во Европа, од рускиот град Анапа до турскиот Кијакеј со цевки преку дното на Црното Море. Вториот крак на гасоводот, наменет за снабдување на јужна и југоисточна Европа со руски гас, е во фаза на изградба и ќе минува од турската граница, преку Бугарија и Србија, до Унгарија. Двата крака имаат капацитет по 15,75 милијарди метри кубни гас.

Турски тек е изграден врз основа на договорот меѓу претседателите на Русија и Турција во Санкт Петерсбург на 9 август 2016 година, наместо гасоводот Јужен тек, кој Русија планираше да го гради преку Бугарија кон Европа, но од тоа се откажа во 2014 година.

За жал Македонија ја изгуби транзитната такса од рускиот гасовод преку територијата на Македонија, Бугарија како членка на Европската Унија беше повторно на коленичење во Москва и трасата ја доби преку нејзината територија.
______________________________

Денес, на 17 јануари 2020 година, американскиот претседател Доналд Трамп беше домаќин на кинескиот вицепремиер Ли Хи на церемонијата на потпишување во Белата куќа. САД и Кина потпишаа првичен трговски договор за решавање на некои од прашањата во средиштето на економскиот спор што ги обременува односите меѓу двете најголеми економии во светот во изминатите 18 месеци.

“Денес ги поправаме грешките од минатото“, рече Трамп и најави дека ќе ја посети Кина наскоро. Трамп рече дека договорот е “неверојатна спогодба за САД, која ќе води кон стабилен мир во светот“.

Вицепремиерот Ли Хи прочита писмо од кинескиот претседател Си Џипинг, во кое се вели дека “следен чекор на двете страни е имплементирање на спогодбата“.
______________________________

И така, додека светот економски се интегрира, поаѓајќи од националните и државните интереси, идиотите на власт во Македонија, како Санчо Панса и Дон Кихот во борба против ветерниците, ги бркаат руските и кинеските вештерки (читај инвестиции) од Македонија, додека земјата ја претвараат во слепо црево и рекетарско дувло во Европа! И така ќе биде се’ додека идиоти на батерии владеат, а Македонците тивко емигрираат од нивната татковина Македонија…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *