Претседателот Пендаровски им се јави на фудбалерите додека ФФМ вети рекордна премија за пласманот на ЕП

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најави рекордна премија од 3 милиони евра за македонските репрезентативци, кои вечерва во 18 часот играат против Грузија го играа финалето од баражот.

Тоа ќе биде дополнителна мотивација за фудбалерите пред  најважниот натпревар во македонската фудбалска историја.

Македонија доколку се пласира на Европското првенство ќе добие одлична сума на пари од наградниот фонд на УЕФА.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=997803797363004&id=806718442674956

Додека пак Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски денеска во пресрет на историскиот меч на Македонија во Тбилиси против Грузија им се јави преку видео-линк на репрезентативците и на стручниот штаб за да им даде поддршка пред пресметката за пласман на Европското првенство од 18 часот.

Пендаровски им даде поддршка на фудбалерите и на селекторот Игор Ангеловски, потенцирајќи дека е убеден во триумф на Македонија и пласман на континенталниот шампионат, а од Тбилиси му порачаа:

„Победуваме, чекајте нè на плоштад!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *