Македонија утрово 5-та најзагадена земја во светот според „Аирвижн“

Утринава во главниот град воздухот е значително загаден и тоа на повеќе локации, додека загадени се и многу македонски градови од кои на врвот ова утро се наоѓа Кавадарци.

Имено ова утро во Кавадарци се измерени рекордни 324 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека веднаш зад овој македонски град се наоѓа скопско Лисиче со 235 микрограми на метар кубен.

Потоа следува Тетово со 213 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, па скопско Миладиновци, Струмица и скопски центар.

Но освен во регионот Македонија утрово е најзагадена земја во светски рамки, а Скопје петти најзагаден град во светот!

На првото место според светската страница за следење на загаденоста на воздухот „Аирвижн“ се наоѓа Курдистан, додека веднаш зад неа е Босна и Херцеговина, па Индија, Косово и Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *