Хрватска подобра од Црна Гора , Србија поразена од Белорусија

ГРУПА А

Хрватска по првиот дел имаше негатива од 12:13 против Црна Гора но во вториот дел коцкестите успеаа да победат со 27:21 . Најефикасен во Хрватска беше Циндриќ со 6 голови додека по 4 имаа : Мариќ и Хорват. Кај Црна Гора, Немања Грбовиќ беше најпрецизен со 6 голови .

Голманите во првиот дел беа слаба точка но затоа во вториот дел запишаа по 6 ( Хрватска-Шего ) и 7 интервенции ( Симиќ – Црна Гора ) .

Репрезентацијата на Белорусија стартуваше со победа на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Белорусите славеа над северниот сосед , Србија со 35:30 , полувреме 16:15. Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Kаралек со 8 гола и Шилович со 5 , додека кај Србија најпрецизен беше Радивојевиќ со 6 погодоци.

ГРУПА Ц

Шпанците имаа успешен старт откако ја победија “тврдокорната” Латвија со 33:22, предводена од џинот Кристопанс . Најефикасен во составот на Шпанија беше Перез Фернандез со 5 гола, а по 4 постигнаа :Соле и Абељо. Кај Летонија играчот на Вардар, Данис Кристопанс беше најдобар со 7 гола, додека Јурџс постигна 5.

Во групата Ц репрезентацијата на Германија оствари убедлива победа против дебитантот селекцијата на Холандија со 34:23 полувреме 15:13. Германија беше ослабена упте од првиот дел кога беше исклучен Уве Генсхајмер затоа што го погоди противнички играч директно во главата. Најефикасни во составот на Германија беа Хефнер и Колбахер со по 5 голови а на голот блескаше Андреас Вулф со 12 одбрани. Во составот на Холандија, Смитс со 7 гола беше најдобар стрелец додека Лук Штајнс постигна 6 гола и беше прогласен за играч на натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *