Мартин Ковачев нов играч на Македонија Ѓ.П. ( Фото )

Поранешниот играч на Пелистер , Мартин Ковачев од денес е нов играч на македонскиот прволигаш од скопската населба Ѓорче Петров. Како што изјави бугарскиот интернационалец финансиската криза на неговиот поранешен клуб , Дунав Русе била главната причина за заминувањето од бугарскиот клуб.

Мартин Ковачев е миленик на битолската публика кога играше за Пелистер а со битолските зелени има освено Куп на Македонија победувајќи ја тетовска Шкендија а тренер како и сега во Македонија ќе му биде екс стратегот на Пелистер, Начи Шенсои . Во денешното прествавување нагласи дека главна цел на клубот со неговото доаѓање е пласман во европските купови како што беше случај и со Пелистер. Ѓорчепетровци на 17-ти Јанунари заминуаваат за Турција на зимски подготовки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *