Андреј Василевски e нов началник на СВР Битола

За нов началник на Секторот за внатрешни работи во Битола е именуван Андреј Василевски, потврдија од битолската полиција.

Василевски е вработен во СВР Битола, а доаѓа на местото на досегашниот Славко Јовановски.

По промената во МВР каде опозицијата именуваше министер за внатрешни работи во техничката влада, промени се случуваат и во Секторите за внатрешни работи во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *