Поранешен селектор на Хрватска го “презема” Еурофарм Пелистер

Битолската чаршија напрво му даде шанса на имиња како : Славко Голужа , Ивица Обрван , Лино Червар , Бранко Тамше, Драган Ѓукиќ и битолчанецот Ѕвонко Шундовски за на крајот клубот да се реши за името на Жељко Бабиќ .

Бабиќ бил тренер на клубови како : Мешков Брест , РК Метковиќ и РК Сплит, како и словенечките екипи Кршко и Горење Велење.

Во репрезентацијата најпрво беше асистент на Славко Голужа за неговата Хрватска за потоа во 2015 биде именуван за селектор на Хрватска и освои трето место на ЕП 2016 година додека четврто на СП 2017 година во Франција. Веднаш потоа доби отказ од Хрватскиот сојуз, одработи една сезона во Горење и оттогаш е без ангажман до денешниот ден кога клубот го објави неговиот ангажман . Во клупското соопштение на РК Еурофарм Пелистер стои : – “Со огромно задоволство, ве информираме дека нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде г-дин Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење.
Г-дин Жељко Бабиќ е роден на 19 мај 1972 година.
Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.
Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола.
Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *