Над 1000 учесници на Бадникова поворка во Битола (Фото – Видео)

Денес во Битола се одржа Бадниковата поворка на која имаше повеќе од 1000 учеснци , повеќето беа деца кои дојдоа заедно со своите родители. Поворката ја пееше “Вечниот Бог” а децата и луѓето кои учествува се движеа низ Широк Сокак – Саат кулата и на крај завршуваше во црквата Св.Димитриј каде богослужба одржа владиката г-дин Петар . Вакви Бадникови поворки денеска беа организирани во многу градови во Македонија, а иницијативата започна во Битола пред повеќе години со благослов на Архимандритот Партениј од Бигорскиот манастир.

За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејтсвото. Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него. Утре е Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос. Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света гора. Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божиќ му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *