Ракомет: Македонија ја победи Црна Гора во Словенија

Репрезентација на Македонија победи на последниот контролен натпревар пред стартот на Европското првенство од селекцијата на Црна Гора со 25-24.

Најзаслужен повторно беше голманот на Еурофарм Пелистер , Никола Митревски кој имаше 15 одбрани на натпреварот вклучително и последниот напад на Бранко Вујовиќ и одбиената топка на Божо Анџелиќ кој ќе донесеше реми на натпреварот. За Македонија најефикасни беа Дејан Манасков и Филип Талески со по пет погодоци додека кај црногорците Немања Грбовиќ имаше 6 а Стеван Вујовиќ 5 голови. И на оваа средба селекторот Данило Брестовац го одмараше капитенот , Кирил Лазаров. Македонската експедиција во Словенија ќе остане до 8 јануари по што заминува во Виена. Првиот дуел на Европското првенство го играме на 10. Јануари против Украина .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *