Експлозија во “Новиот” пазар во Битола (Фото)

Денес во Битола случајните минувачи и граѓаните кои беа во новиот пазар беа исплашени од ненадејната експлозија од плинска боца во рибарница на вториот кат од пазарот. Вработената е полесно повредена по експлозија предизвикана од плинска инсталација во дуќанот. Од експлозијата искршени се прозорците и вратата на продавницата.

За среќа во инцидентот нема други повредени и покрај тоа што во моментот на експлозијата во близина на продавницата имало доста купувачи.

Фотографија : Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *