МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД СЛОВЕНИЈА ВО ПРЕТПОСЛЕДНАТА ПРОВЕРКА ПРЕД ЕП

Ракометна репрезентацијата на Македонија загуби од Словенија со 33:28 полувреме (19:12) во претпоследната проверка пред настапот на Европското првенство во Виена.

Манасков со седум гола беше најефикасен во за Македонија додека Филип Кузмановски погоди пет пати во словенечкиоѕ гол . Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марио Танкоски имаа по три гола.

Селекторот Данило Брестовац се одлучи одново помладите ракометари да добијат поголема минутажа, па така капитенот Кирил Лазаров целиот меч го мина на клупата.

На голот Мартин Томовски доби шанса пред крајот на местото на Борко Ристовски кој беше стартер и имаше поголема минутажа , како трет голман Никола Митревски остана на клупата исто како и капитенот Кирил Лазаров. Сега следуваат два дена за анализа и тренинзи пред последниот пријателски меч со Црна Гора в понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *