СПОМЕНИК НА ЛУДОСТА

Пишува Панде Манојлов
Пред многу години нашио Баге од Театарот, ко беше министер за култура напрај проект за споменик на браќата Манаќа во Битола или во спомен на нив да го изгради нивното кино така ко некогаш шо било. И тогаш, во Домо на културата свечено беше претставен тој проект. Луѓето, битолчаните, тогаш коментираа: Убо е нешто да се напрај во Битолата наша!
Арно ама Кино Манаќа не го изгради Баге, туку таа чес му припадна на друг чоек од Театарот, на Владе градоначалникот. Три мандати го градеше во Центаро на градо, многу евраќи се потрошија, се напрај труп, ама ништо од кино : зјае празно ко авет, ко куќа на вампирите !
А дали беше такво грдо киното на првите битолски филмаџии никој не знае. И никој не знае шо ќе се случи и шо ќе биди ова здание и по оваа и по другата власт.What is it this house?- ме прашва на англиски една дама дојдена од странство.
Ја пулам жената и се мислам: оваа е или бугарски или грчки шпион и сака да ме провоцира.
Не помина минута еве друга дама со истото прашање поставено на англиски.

Јок спик инглиш, му одговорив по битолско- турски.
-Обаче, не разбираш!?- ми се вдаде едната.
-Охи каталавене?! Хондрокефалос битолски,- ме опсучи другата.
Како некогашнио министер за надворешни работи на Македонија , почнав да мавтам со рацете дипломатски:

Ами, по ваше, јас не сум Македонец. А од Манаќа кој знае шо ќе напрајте. Та и ова чудо незнам шо е…Еднаш ВМРО се поклонуваше пред него ко пред црква да се, дојдоа Шарените и почнаа да плукаат по него и да го шлакат со триста бои… Сега како авет зјае празно.
Ама уште со милион евра ќе стани нешто. Шо се брзате како кандидатки за ЕУ?

Имам предлог колешки!- се јави старата америчка дама што се вдаде од кај Баро, спонзор на овие две дами од комшиите. – Од овој билдинг ќе напрајме Болница за заболени од корона вирус за битолските политичари. И ко се болни , скраја да е,
си сакаат да бидат на Широк Сокак!
Потоа помина еден битолчанец и го баци ѕидо од стиропор . По една минута помина битолчанка и плукна на стиропоросанио ѕид на иднио споменик на лудоста.
Лудница? Скраја да е!
Болниците се за болни.
Ама, ај, ќе биди, де.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *