БИТОЛА, МОЈА- ПАРТИЈАТА ТВОЈА!

Иле, сино на работнико Пеце, од пусто турско жители на Ѓенимаале, шо живеат таму долу под Ат-пазар во Битолата наша, пролетта шо помина, дипломира на филолошкио факултет во Скопје – група македонски јазик. И не беше сам да речиш во групата , туку имаше и други десетина студенти од целата некогашна Република Македонија, или, меѓународно скратено речено – ФИРОМ. Си дојде во роднио град, градот на странски конзули и домашните кабадаи, во градо на соништата за измислената љубов на Елени Каринте и Ќемал паша Ататурк, во градо на тридецениска транзиција, во градо без воз за Кременица, во градо сегашно македонско слепо црево…

Се врати полн сништа за убав живот, живот еднаков за сите… Се врати полн со љубов за татковината, како шо учеше за Крстета Петков Мисирков кој беше даскал во Битола.
И пред да си оди дома во трошната куќа во Ѓенимаале, со ранчето на рамо, помисли , сега како дипломиран професор по македонски јазик, да помини низ Широк Сокак, да напрај едно корзо и да се види со некој од пријателите…

Го сретнав кај Сато:
-Добар ден, Иле, ти ли си бре млад комшија, од кога не те имам видено?!- му викнав на младио чоек.Добар ти ден, чичко Чкембар, еве тукушо дипломирав на македонски јазик и се вратив во роднио град да си барам работа! – со насмевка на сурато ми одговори младичо. – Еве, да ти ја покажам да ја ѕирниш дипломата?
Се сепнав, посинав џигер во сурато. Како да му одговорам, како да го слезам од пелистерските облаци кај шо лета, да го слезам да згазни покрај матните води на Црна Река?

Честито диплома, ама на факутето ти дадоа ли партиска книшка?- го прашвам со мекам.

Не, бе чиче, и таму не дават туку само барат… А јас, пошто немав шо да му дам од малата плата на татко ми, учев и ука му давав на то даскалите. Јас учи со ноќи и тие немаа каде: ајде десетка!

Ништо не прајш синко со твојте десетки. Татко ти да имаше дестина илјади евра, можи ќе те кладеа писар негде. Можи во Општината…
-Како писар во Општината, јас со диплома? Таму немаа ли со години лектор да му ги поправа неписмените текстој по македонски јазик? Лектор му треба и то со диплома,- се ококори младио професор.

Без партиска книшка, ништо не прајш, синко,- пробав да го отрезнам за да види кај живее.

Извини, ти си од времето на „Тито – Партија!“… Сега не требат такви тескериња,- ми бувна в лице петлето бендерче.

Хм, и ти ќе завршиш ко Кочо Рацин!- промрморев полугласно.

Цела „Бели мугри“ на памет ја знам,- ми одговори.
Неможев да издржам:

Младо ѓенимаалче, знам дека ја знајш „Бели мугри“, ама дали се знаеш и познаваш со Заев или со Мицко?

Кој се тие?

Не ги познаваш? А нивните партиски челници во Битолата ги познаваш?

Не!- со сигурност ми одговори.

И бараш работа?

Да!

Ќе добиеш работа на куково лето… А дали ја знаеш Меркелица?

Како нашата Маркојца, комшивката од Ѓенимале шо ја знам, така и Меркел ја знам. Македонските телевизии само за неа трубат како да е единствен преседател на држава во свето…- ми одговори дипломецо.

Е, таму, кај неа барај си работа за чистач на ќенефи. Таму не барат партиска книшка ниту диплома за професор по македонски јазик! – му одговорив на младио сонувач и тргнав да одам на кафе да не му ја дорастурам кулата од сништа…
Та турско, та сегашно каурско, еписибир ти е.
А тој, нашио млад битолчанец со диплома ништо не знае. ЈАВОЛ! Ќе научи, Европа ќе го научи…

Панде Манојлов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *