Државата му должи 300 милиони евра на стопанството

Анализата која ја направи Сојузот на стопански комори покажува дека над 300 милиони евра должи државата на приватните компании по основ на неплатени фактури од јавните претпријатија или државни институции.

Од таму велат дека тоа создава неликвидност во стопанството, кое е погодено од оваа дупка на неплатени обврски бидејќи ја носи со себе тежината на кризата во којашто се наоѓа државата.

„Не само што не може да си ги наплатат средствата, туку влегуваат во голема дупка со оглед на тоа што го плаќаат данокот на државата иако немаат наплатено фактури, а потоа државата во неможност да ги собере сите средства, повторно бара спас од стопанството каде врши дополнителен притисок што сега се наоѓа во поголема криза“, вели Благоја Грозданов од ССК во емисијата Бизнис поенти на Алфа ТВ.

Од ССК велат дека тоа е една состојба којашто постои неколку години наназад и бараат измена на член 218 од Законот за извршување што го кочи процесот на наплата.

„Имаме ситуации и кога добиени судски пресуди нема можност за извршување“, додава Елена Милевска Штрбевска од Стопанската комора.

Од таму се согласуваат дека Законот за финансиска дисциплина не функционира со оглед на тоа што, според нив, тој не е механизам за полесно наплаќање.

https://faktor.mk/biznismeni-drzavata-ni-dolzi-300-milioni-evra-za-neplateni-fakturi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *