Часовниците назад за последен пат?

Часовниците се поместија еден час наназад во 3:00 часот наутро, до 2:00 часот по полноќ.

Летното сметање на времето е воведено на 27 март 1983 година, во согласност со одлуката на Европската унија, пред се за очекуваните економски придобивки – подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и комуникации, индустрија.

Сепак, поради недостаток на поголеми придобивки од тоа, ЕУ одлучи да се откаже од поместување на часовниците двапати годишно во 2021 година, оставајќи им на членките дали ќе останат трајно на „летна“ или вообичаена – „зимска“ пресметка на времето.

Директивата на ЕУ не значи „автоматско укинување на летното сметање на времето“ во ЕУ, ниту воведување на „еднократно време“ во Европа, но завршува практиката на усогласување на движењето на часовниците на ниво на ЕУ и им овозможува на членките да изберат свој начин за пресметување на времето.

Така, последната заедничка смена на часовникот во ЕУ треба да биде на 28 март 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *