Прекрасно раскажана џез бајката „Приказна за еден град“

Новогодишниот џез концерт на Jazzna & Friends кој се одржа во „Центарот за културА“ во Битола ја покажа целата магија на музиката во изведба на извонредните музичари Џон Илија Апелгрин, Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски кои заедно со вокалистката Јасна Димитровска направија вистинска џез бајка од познати кавери изведени во џез манир.

Преполната сала на Центарот за култура во Битола покажа дека со вакви извонредни музички настани можности и има публика еднаква на големите градови.

Оваа година концертот имаше мисија преку музиката да направи спој со уметноста создадена од битолските ученици вклучени во треш челинџ акцијата “Мети си со класнето” создавајќи уметнички скулптури од смет кои беа изложени во фоајето на Центарот за култура пред почетокот на овој голем концерт.

Главен подржувач на настанот беше „Божиновски часовници и накит“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *