РЕПРИЗА

Пред промената за мене страмна на името МАКЕДОНИЈА со додавката на копуците на Зајакот прво Илинденска па С…..а, ја гледавме епизодата број 1. Но лоповите секогаш прават фама за да направат пазар кога арамилокот не е џепарошење. Но џепарош во костум во преговори значи желба за моќ, пари, ороспии (сега можи машки куртизани), или растур систем.
Оваа епизода ја гледавме пред референдумот кој сакаа да биди параван зад нивниот будалалок потенцирано со респект за тој за мене успех на државност, да се разбериме скапо наплатен за поединци Зајак – Никола (бивши амбасадорен тип тогаш министер за страмна надворешна политика) после гласање на 80 матуферди. Двајца шармери во светски рамки дворски шутови од калибарот на шпански серии Касандра и Младата невеста. Секогаш има некој матуф кој ја знае вистината. За жал МАКЕДОНИЈА има сеуште матуферди кои сакаат повторно да профитираат.
Го сменија името во една бурлеска со се што е против ова парче остаток од МАКЕДОНИЈА, помогнати од осум апостоли кои денес никој не ги перципира, но за жал и закон за нив од тогаш не важи. Нивниот криминал бил интерес за државата. Реновирања, Транспортни фирми, Плоштади, Босански бурек, Беровски сендвич, Струшко македонско муслиманско бичим дејство, Охридски дупли страм, и можи има плус ама сепак Зајакот го опчекори Лавот. Неисе дојде после тоа животот кој пред и после аркадата беше веќе реалност.
Платите вртоглаво порастија, Децата на гласачите од животот се на работа, Струјата е бесплатна, Социјалата беше кај Царовска сега е кај Шахпаска но вртоглаво се доближува скала над просекот, Земјоделство на секоја нива, Туризам и каде немаше, Регулаторна комисија секој ден е во интерес на сите нас. Живот и рози.
Неисе и ова е реалност но денес некој сака да ги слечи гаќите на Македонецот пред Бојко и Каракача и пред нивната кукла за понадвор. И сега пак РЕПРИЗА непопустливост од веќе еднаш пазарџиите засилени со Бујар од планина. Мој Македонецу гледај ја оваа РЕПРИЗА и кога ќе ги слечат твоите гаќи без три чрвени ќе мораш да речиш дека ти сакаш живот, повисоки плати, бесплатна струја, три пати одмор, возила за цела фамилија и кавијар на маса. Живот и рози.
Но можи а и не мора да се изјаснуваш оти повторно некој ќе направи 80 и ти ќе мораш да бидиш под и патос за некој кој своето ќе го напати а можи и денес го има наплатено, а е дел од репризата и првата епизода.
Мој Македонецу да не добиеш шипак, и горенаведената екипа да не те покори како пред Греко, речи му на Зекман и компанија да идат у три п…е м…..е, оти ти не чекај иднина од некој кој се продава на сметка на твоето, и го продава твојот образ бидејќи негов и нема.
Реприза имаш но и оваа епизода ќе мора крајно да се реши со туркање на твоите гаќи.
Кажи стоп дури не е доцна, после имав една колума Ќе ја барате…, прочитајте.

д-р Николче Талевски

Ставовите искажани во рубриката Колумна се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *