Пелистер иако водеше на полувреме загуби од Ренова во Купот на Македонија

Само по три дена откако ремизираа без голови во Првенството екипата на Пелистер повторно му гостуваше на Ренова овој пат во ракмите од Купот на Македонија. Првиот дел Пелистер водеше со голот на Талевски а потоа и удвојувањето на водството со голот на Фазлиу не значеше голема победа на гости и пласман во следната рунда од Купот. Ренова во 53тата минута доби и црвен картон но тоа не беше пречка последните 7 минути од мечот да постигне два голови домаќинот и го однесе мечот на пенали. Таму подобри изведувачи беа домаќините со 6-5 и се пласираа во следната рунда од Купот на Македонија.

Резултати 1/8 финале :

Академија Пандев – Вардар 1-0, Брегалница – Беласица 0-1, Кожуф Гевгелија – Силекс 1-3, Македонија Ѓорче Петров – Каменица Саса 6-0, Шкендија – Гостивар 1-0, Шкупи – Кит Го Пехчево 5-0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *