Пинг-понг: Младост 96 првопласирана во Супер лигата, Мултитекс првопласиран во првата лига

По одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел на првенството во пинг понг во најсилната лига екипата на Младост 96 од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари неприкосновено го освои првото место. На второто место се наоѓа уште една прилепска екипа, Младост кои единствениот пораз во есенската полусезона го забележаа против градскиот ривал Младост 96. Во последните две кола Младост забележа минимални победи од 4:3, против директниот конкурент за второто место, штипските Шампион ФА и екипата на НЕЦ 2.

Од четвртото до седмото место потполно изедначени според бодовната состојба се наоѓаат четири екипи, новиот супер лигаш Крива Паланка 2007 е на четвртото место, петтопласиран е Вардар кој после почетните четири порази на почетокот на сезоната, во следните пет кола забележа четири победи, шеста е екипата на НЕЦ 2 за кои игра играчот од Србија Милош Миленковиќ, кој во есенскиот дел од сезоната нема пораз, и на седмото место се пласираа Работнички кои беа поразени во последните две кола и од четвртото место паднаа на седмото место на табелата. Радовиш е осмопласиран со бод повеќе од екипата на НЕЦ. Последна е екипата на Струга кои во есенскиот дел не забележаа ни една победа.

РезултатиСУПЕР ЛИГА VIII КОЛОРаботнички – Вардар 3:4Нец – Струга 4:0Шампион ФА – Младост 3:4Нец 2 – Радовиш 4:2Младост 96 – Крива Паланка 2007 4:2СУПЕР ЛИГА IХ КОЛОКрива Паланка 2007 – Работнички 4:2Радовиш – Младост 96 0:4Младост – Нец 2 4:3Струга – Шампион ФА 1:4Вардар – Нец 4:1Натпреварите од Супер лигата продолжуваат напролет.Следно на пинг понгарската сцена во есенскиот дел од сезоната се натпреварите од јуниорската лига и рангирните мастерс турнири во сите категории.

Кај прволигашите заврши есенскиот дел на првенството. Битолскиот тим на Мултитекс со максимален учинок по седум одиграни кола го најавува своето враќање во елитата во следната сезона.Второпласирана во првата лига е екипата на Кочани со еден бод помалку од Мултитекс.Резултати Супер Лига VI колоРаботнички – Струга 4:2Вардар – Младост 2:4Нец – Радовиш 3:4Шампион ФА – Крива Паланка 2007 4:2Нец 2 – Младост 96 2:4 Резултати Супер Лига VII колоМладост 96 – Работнички 4:0Крива Паланка 2007 – Нец 2 2:4Радовиш – Шампион ФА 2:4Младост – Нец 4:2Струга – Вардар 1:4 Резултати Прва Лига VI колоРисови – Мултитекс 2:4Борец ТИМ – Крушево 2:4Дебар Маало – Кочани 1:4Пошта 2 – Винспин 3:4 Резултати Прва Лига VII колоРисови – Крушево 4:2Борец ТИМ – Мултитекс 2:4Дебар Маало – Винспин 3:4Пошта 2 – Кочани 2:4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *