ЈП Комуналец активно работи низ Битола (ФОТО)

Комуналните служби од ЈП Комуналец Битола деновиве се активни низ Битола и ги средуваат јавните зеленила низ градот пред Новата година како и улиците . Овој пат тие се погрижија стариот отпад кој го нарушуваше зеленилото зад зградите попознати како (кифли) на ул.”Батаљон Стив Наумов” да добијат чист лик. Редовно се чистат зелените површини низ улиците “Прилепска” и “Филип Втори Македонски” додека извршено е кастрење и средување на дрворедот на улицата “Партизанска” . – Заложбата за почиста и поздрава животна средина е еден од најважните приоритети на нашето дејствување. – не информираат од Јавното Комунално претпријатие Комуналец .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *