Голема полициска акција на неколку локации низ државата

Повеќе осомничени за криумчарење на мигранти се уапсени утрово во голема полициска акција на неколку локации низ државата, дознава Телма. Во акцијата учествуваат и полициски специјалци, но и полициски хеликоптери.

Акцијата се одвива во Штип, Струмица, Скопје и во пограничното село Лојане. Станува збор за акција против криминални групи кои за паричен надомест ги пренесуваат мигрантите низ Македонија. МВР најави повеќе детали за операцијата за подоцна во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *