Македонија остана непоразенa со играч помалку против Грузија (Фото+Видео)

Македонската фудбалска репрезентација со десеттмина играчи вечерва против Грузија, па Егзјан Алиоски од пенал во 92-та минута постигна гол за второ реми со Грузија во групата од Ц-дивизијата за Лигата на нации (1-1). Македонија беше на раб на пораз и скапо да ја плати грешката на голманот Столе Димитриевски кој беше исклучен на средина од вториот дел, но во судиското надополнување пеналот врз Ѓоко Зајков ни донесе шанса да се избориме за бод и од оваа пресметка во Лигата на нации да го запишеме третото реми за да останеме во трка за првото место во групата.

Алиоски со реализираниот пенал го обезбеди бодот во ова вечерашно дерби по кое сонот да бидеме први и на тој начин да чекаме шанса за влез во баражот за Мундијалот останува да го сонуваме.

И откако Шишковски во завршните десет минути двапати спаси чисти голови за Грузија, Алиоски казни од пеналот кој ни го досудија во судиското надополнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *