Јутјуб и Фејсбук воведуваат ново правило – поради вакцините

Покрај Фејсбук и Твитер и видео-платформата Јутјуб објави дека ќе ги избрише сите објави во кои се презентирани дезинформации за вакцината против ковид-19.

Од денес, на страницата каде што Јутјуб ги прецизира своите правила за медицински дезинформации наведени се сите видови дезинформации поврзани со вакцината против ковид – 19 кои ќе се санкционираат.

Правилата содржат содржина во која се тврди дека вакцината е веќе достапна или дека има „јадици“ во кои се вели дека одредени нешта гарантираат лек за ковид, како и тврдења за вакцината за коронавирус кои се спротивни на препораките на Светската здравствена организација.

Примерите вклучуваат случаи како што се „тврдења дека вакцината ќе ги убие оние што ја примаат“.

Новите правила на Јутјуб значат дека содржина што тврди дека микрочипови се инјектираат во вакцини, предизвикува неплодност и слични теории ќе бидат избришани од Јутјуб во иднина, како што беше случај со 200.000 видеа со дезинформации од февруари.

source: sloboden pecat

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *