Ноќеска снег на Пелистер (ФОТО)

Фотографија со снег на Пелистер најпрво ја објави Телевизија Тера а му ја испрати битолчанецот, Јонче Илиевски-Мурато кој работи на предавателниот пункт Антена, а кој утрово имаше објавено дека падна снег на Пелистер.

Антена или врвот Пелистер со своите 2.601 м е највисок врв на Баба Планина и трет највисок планински врв во Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е прогласен за национален парк во 1948 година, тој има вкупна површина од 17.150 хектари и географската положба на паркот е 40°57’ СГШ и 21°14’ ИГД.

Фото: Јонче Илиевски-Мурато & Тера Тв

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *