Китановски, Дориев, Тотре и Мицевски добија повик во А – репрезентацијата

Екс играчот на Пелистер, Томе Китановски а сегашен член на Македонија ЃП добиваат дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски во А-репрезентацијата на Македонија за претстојниот натпревар против Грузија во Лигата на Нации. Тие најверојатно ќе го пропуштат денешниот тренинг затоа што очекуваат да бидат теститани и најбрзо утре би можеле да се стават на располагање на стручниот штаб со оглед дека се работи фудалери од домашното првенство.

Младинскиот репрезентативец Агрон Руфати е веќе приклучен во А-составот. Тој има жолти картони и нема право за настап на мечот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, но може да настапи за А тимот, со оглед дека се сосема различни натпреварувања.

Претходно, Ангеловски го ослободи Ферхан Хасани, повреда на коленото има Стефан Спировски, а Енис Барди нема право на настап поради жолти картони на мечот со Грузија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *