Zaev ist gut, Mazedonien ist kaputt!

МАКЕДОНИЈА – „Муртинска Топилница“

Во чест на „11 Октомври“ – Денот на востанието на македонскиот народ – во 1973 година на свечен начин беше пуштена во редовно производство Топилницата за цинк и олово која беше сместена во градот Велес и која требаше да допринесе за локалниот економски развој на градот и околината. Оваа еколошка бомба за жал го уништи здравјето на илјадници Велешани и остави трајни последици по околината и животите на овие недолжни луѓе, по што оваа Топилница беше затворена. По барање на тогашните власти да добијат меѓународно експертско мислење за влијанието на овој мега-загадувач со тешки метали по животната средина, дошол германски експертски тим да направи проценка. Нивниот сублимиран коментар за состојбата со Топилницата бил : „ Fabrik ist gut, Veles ist kaputt!“
Ова накратко би бил и описот на севкупниот општествен (здравствен, економски, политички, правен, културен..) биланс на „ нашата држава“ управувана од СДСМ (заедно со „демократот“ Павле од ДС, „народњакот“ Љупчо од ШЗСЊ, „зеленашот“ Маја Морачанин од ДОМ и др.) и „партијата“ ДУИ со лидер кој одговара пред властите на судот во Хаг за злосторства против човештвото. Накратко сублимирано, денешната македонска реалност можеме да ја опишеме како „ Zaev ist gut, Mazedonien ist kaputt!“. Македонија денес е пропадната држава по сите мерни параметри а главниот виновник е лидерот на македонската „Топилница“! Оваа диво градба е како Ouroboros – митското суштество, змијата што си ја јаде опашката, самоуништувачко суштество кое никому не носи добро!
„ Муртинската Топилница“ денеска топи се што стигне. Од економија во која секојдневно гледавме доаѓање на странски инвеститори од мега компании и вработувања на илјадници млади луѓе, за 3 години една солидна странска фабрика нема дојдено кај нас а затворање на постоечките веќе започна. Капиталните инвестици се тотално стопени, партиските јункери се душмански напикани по општини и министерства, трошоците за живот се енормно зголемени а македонските семејства се на работ на егзистенција.
Здравствениот систем е тотално колабиран во кој младите и успешни лекари имаат карти во еден правец во џебот и бегаат кај стигнат од Македонија! Поликлиниките кои беа започнати со градба се брутално стопирани, а старите и дотраени се во распаѓање! Пациентите мораат последните пари да ги дадат за здравствени услуги во приватни клиники. Платите и условите за работа на здравствените работници се мизерни и фрустрирачки. Населението никогаш не било во толку лоша психо -соматска кондиција. Со еден збор, здравството и населението ни се многу болни!
Правната држава во Македонија веќе не постои а политиката потсетува на Хитлеровата коалиција во Рајхстагот ( 1933) која преку ужасни методи на репресија и реваншизам кон политичките противници, новинарите и останатите неистомисленици сее страв и владее со диктаторски примитивизам. Не дај боже да си лидер на опозициона партија во денешна Македонија, ќе мора да одговараш за сите криминали кои ги прави актуелната Влада, ќе ти биде замрзнат имотот на партијата а половина партиски функционери ќе ти бидат држени со фингирани кривични пријави а останатите следени и уценувани во ШТАЗИ – манир.
Образованието ни е на апарати, не се знае дали ќе преживее! Во „нашата земја“ Македонија никој веќе не зборува за културата, за извоз на култура, приходи од културата, инвестиции во културата, културни достигнувања, културна промоција, културна критика..! Културата е нешто посебно, ресор по кој се мери степенот на цивилизираноста или примитивноста на едно општество, оваа гранка не познава политика! Проблемот секако настанува тогаш кога политиката не познава култура, тогаш добивате цивилизациска деволуција, културна и морална дисторзија, тотална општествена деструкција, изгубени културни вредности, изгубени млади генерации и полека но сигурно станувате плен на подоминантните култури и цивилизации, станувате културно асимилиран!
Цели семејства ставаат клуч на врата и се селат од Македонија, оние што еднаш до два пати годишно доаѓаа во посета во земјава, веќе не го прават ни тоа. Не сакаат да имаат ништо со токсична диво градба.
„Муртинската топилницата“ која ни се случува денес не пече и боли но неа ќе ја затвориме, згурата која ја продуцира оваа диво градба е премногу страшна, опасна и токсична, затоа Македонецот мора да се разбуди и свести дека доколку веднаш ова труење не го запреме сите заедно, последиците покрај нас ќе ги сносат и нашите идни недолжни поколенија!
За разлика од порано кога звучниците монтирани на „Топилницата“ служеа за одбележување на роденденот на Тито, денес овие, како во постапокалиптичен филм 24 -часовно емитуваат само два збора..ЕУУУ…..НАТООООО… Поради дисторзија на звукот, граѓаните од ехото слушаат само ЕЕЕБАТИИИ НАРОООДОТТТТ, ….ЕЕЕБАТИИИИИ ИМЕТОООООО!
Ова четиво е посветено на „демократот“ Павле од ДС, „народњакот“ Љупчо од ВЗ%$ и „зеленашот“ Маја Морачанин од ДОМ кои прекувремено работат како ложачи во печките на„Муртинската топилницата“.

Ахил Големов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *