Овој викенд граѓаните ќе купуваат домашни производи и ИТ опрема без ДДВ

Овој викенд граѓаните ќе купуваат домашни производи и ИТ опрема без ДДВ.

https://www.galerija.com.mk/

Собранието ги изгласа измените во законот за поврат на данок. Според опозицијата со викенд без ДДВ ќе се создадат огромни гужви пред одредени продавници, и наместо корист, ќе добиеме нов кластер. Смеетаат дека и одредени трговци ќе го искористат овој момент и ќе ги зголемат цените за ИТ опрема. Според пратениците од власта од мерката корист ќе имаат над 350 илјади граѓани кои скенираат фискални сметки.

Со викенд без ДДВ граѓаните ќе го добијат назад целиот ДДВ за домашните производи и ИТ опремата која ќе ја купат во следните 3 дена односно на 10, 11 и 12-ти октомври. 

Со мерката се очекува да биде направен вкупен промет од 170 милиони евра, а кај граѓаните да бидат вратени 17 милиони евра. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *