Кузмановски и Хановер загубија против Кил во Бундеслигата (Видео)

Денеска во рамките од второто коло во најсилната германска лига составот на Хановер каде настапува нашиот репрезентативец Филип Кузмановски загуби на гостувањето кај Кил со резултат 34:31, иако на паузата водеше со 17:18.

Ова е втор пораз за Хановер-Бургдорф после стартниот триумф против Минден, додека за Кил ова е втора победа по ред. Македонскиот репрезентативец Кузмановски беше втор стрелец во поразот на својот клуб со четири голови.

На спротивната страна за популарните „зебри“ осумпати во листата на стрелците се запиша Швеѓанецот Екберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *