Мицкоски: Димитриев и Попоски не се меѓу слугите на мафијата на Заев

Во однос на проблемот со Бугарија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за РСЕ, вели дека за Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право…
Претходните шеф на дипломатијата Никола Попоски и технички премиер Емил Димитриев не се меѓу оние поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се „слуги на мафијата“, оценува лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во неделното интевју за Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашање за превирањата во партијатапо поразот на парламентарните избори.

По посочувањето на Попоски и на Димитриев како дел од поранешните партиски функционери кои бараат промени во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека ставовите на овие двајца кажуват нешто друго од она што се обиделе да го пренесат дел од медиумите.

„Не реков мафија, туку слуги на мафијата. За овие двајца не би рекол дека се во таа категорија. Нивните обраќања, посебно на Димитриев, кажуваат нешто сосема друго од на што се обидоа да го дефокусираат одредени новинарски производи. Сосема друг позиции од оние кои му служат на Зоран Заев“,вели Мицкоски.

Тој ги оценува како „талибански“ изборите што се одржаа на 15 јули и вели дека една од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ изгубила гласови е тоа што дел од гласачите не излегле на гласање поради здарвствени проблеми и поради страв од ковид-19.

„Ова што се случи на овие талибански избори, ви дадов пример со измените на Изборните законик, беше катастрофално“,вели Мицкоски.
Во однос на проблемот со Бугарија, Мицкоски, во интервјуто за РСЕ, вели дека за Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право.

„За Гоце Делчев нема преговарање, за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашата македонска национална химна, тоа е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава.Суштинското прашање е како дојдовме и ова да биде услов. Нели ги решивме сите отворени прашања со соседите, нели блескаме, нели велевме дека сме за почит, дека се е решено, дека немаме никаков проблем“, вели Мицкоски во интервјуто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *