Како безбедно да се користи електронското банкарство – ново едукативно видео на Народната банка

Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа насловено „Препораки за безбедно користење услуги од електронското банкарство“.

Во него се објаснети најчестите грешки кои корисниците можат да ги направат при користење на банкарските услуги онлајн, а се даваат и препораки за поголема безбедност при користење на електронското банкарство.

Видеото е дел од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“ во кои се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *