Дали ќе поевтини струјата преку ДДВ?

Дали ќе се намали ДДВ за струјата од 18 на 5 проценти? Тоа најверојатно нема да се случи набрзо затоа што Владата допрва ќе го разгледува предлогот на Европската енергетска заедница. Премиерот Зоран Заев вели дека прашањето ќе се разгледа на Влада ама дека мора да се земат предвид сите аспекти.

„Сè што е добро за граѓаните од старт ми е веднаш прифатливо, но претседател сум на Влада и мора да пресметаме да знаеме што значи тоа, секако, за стабилноста економска на државата, но секоја идеја, секоја препорака е вредна за внимание, посебно кога доаѓа од европски институции како што е Европската енергетска заедница. Ќе ја разгледаме и ќе оформиме заеднички став како Влада финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство“, изјави денеска премиерот Заев.

Освен намалување на ДДВ за струја европската енерегетска заедница препорача да се прошири и листата на граѓани кои ќе бидат финансиски помогнати да ги покриваат трошоците за струја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *