БУГАРИЈА Е “ЕТНИЧКИ И ЈАЗИЧЕН ИНЖИНЕРИНГ“ НА РУСКИОТ ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКИ ЕКСПАНЗИОНИЗАМ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ
Официјално Софија, довчерашната руска спонзоруша, се одважи пред Европската Унија со Меморандум за Македонија. Кога ќе види човек кои шарлатани од Бугарија зборуваат за Македонија и не мора да се секира – тоа се пионерите на Божидар Димитров, родоначалникот на бугарските вампири.
Шарлатаните од Софија ја обвинуваат Македонија пред Брисел, дека Македонците се “етнички и јазичен инжинеринг“ на Тито. Арно ама, ај да видиме чиј “етнички и јазичен инжинеринг“ се Бугарите. Нели, бумерангот се фрла ама и се враќа. Ја знаеме онаа народната кога крадецот за да прикрие трага прв се дере “држте го крадецот“!
Бугарија е “етнички и јазичен инжинеринг“ на Москва! Впрочем и не случајно национален празник на Бугарија е 3 март. На тој ден 1878 година склучен е Мировен договор во селото Сан Стефано до Истанбул после двегодишната војна меѓу Руската Империја и Османлиската Империја 1877-1878 година, една од многуте војни во историјата меѓу овие две царства…
Заради излез на топлите мориња како трајна руска цел, со Санстефанскиот мировен договор биле договорени нови граници на Балканот. Имено, кон Бугарија се придодадени цела Македонија, Одринска Тракија, делови од денешна Србија (Пирот, Врање) и Албанија (Корча). Токму заради тој неизживеан романтизам за Голема Бугарија, за историја која и тогаш била само фикција, Софија го одбележува секоја година 3 март како Бугарски национален празник. Тоа е таа носталгија за пропуштената шанса Македонија да биде дел од Бугарија. Ете, затоа за Софија, Македонија и ден денес е вечна неизживеана бугарска романса. Но, Санстефанскиот мировен договор никогаш не се реализирал! Траел само три месеци од неговото потпишување и тоа само на хартија, од 3 март до 13 јуни 1878 година!
Незадоволни од новите граници по Руско-Османлиската војна и од содржината на Санстефанскиот мировен договор, а под закана со нова војна, Австро-Унгарија, Британија и Франција свикуваат меѓународна конференција, од 13 јуни до 13 јули 1878 година, позната како Берлински Конгрес, одржан во Берлин, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. Руското Царство и Отоманското Царство, исцрпени од претходната меѓусебна војна, го прифатиле неговото одржување. Берлинскиот Конгрес извршил ревизија на Санстефанскиот мировен договор со цел да се спречи руското влијание на Балканот, особено излезот на Русија преку Бугарија и Македонија на Егејското море до Солун и Кавала.
Претходно, Русија и Британија на 30 мај 1878 година склучиле Руско-Британски договор, со кој територијата на Бугарија е намалена за трипати од предвидената во Санстефанскиот мировен договор: Било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина, а тоа е северниот дел на денешна територија на Република Бугарија.
Со Берлинскиот договор: (1) Македонија и Одринска Тракија биле вратени во владение на Османлиската Империја, (2) Источна Румелија потпаднала под османлиска власт со статус автономна област, (3) Србија, Црна Гора и Романија добиле независност, (4) Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Османлиската Империја, (5) Кипар и’ бил даден на Велика Британија, а (6) Босна и Херцеговина и’ била дадена на Австро-Унгарија…
Берлинскиот конгрес ревидирал, односно избришал 18 од 29 члена на Санстефанскиот мировен договор.
За жал, незадоволните страни, со време, испровоцирале нови тензии, коишто подоцна кулминирале со Балканските војни 1912-1913 година и Првата Светска Војна 1914-1918 година…
Со членот 23 од Берлинскиот договор, Македонија требало да добие свој Статут, односно Устав, што значи да добие посебен државно-правен статус како оној на Крит, во рамките на Османлиската Империја, со свој гувернер и главен командант, кому била доверена командата на војската во Македонија. Со членот 23 од Берлинскиот договор, Македонија де факто се конституира како автономна област во своите политички и етнички граници во рамките на Османлиската Империја …
Иако Санстефанскиот мировен договор “преживеал“ само три месеци на хартија, без практична реализација, тој во Бугарија создал фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна била, а и денес е, главен поттикнувач за големобугарските хегемонистички амбиции и територијални претензии на Балканот…
Откако во балканските метрополи било осуетено, дека Високата Порта во Цариград ќе обзнани автономија на Македонија, како обврска од членот 23 на Берлинскиот договор, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора ја започнуваат Првата Балканска Војна во 1912 година против Отоманската Империја за наводно “ослободување“ на Македонија. Откако ја “ослободиле“, веќе наредната 1913 година, Бугарија, Србија и Грција ја започнуваат Втората Балканска Војна меѓу себе, со вистинската намера со која ја почнале и Првата Балканска Војна – окупација и поделба на Македонија. Втората Балканска Војна завршува со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година. Со овој договор извршена е поделба на Македонија меѓу Бугарија, Србија и Грција, односно извршена е окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ кој се’ уште трае до денес…
Наместо да го слават 6 септември за Национален празник кога Бугарското Кнежевство во 1885 година се обединува со областа Источна Румелија (јужниот дел од територијата на денешна Република Бугарија), легализирано од страна на Османлиското Царство со Топханенскиот акт од 5 април 1886 година потпишан од Султанот, Софија со 3 март како бугарски национален празник директно атакува врз државноста на Македонија, бидејќи со него Бугарија прокламира територијални претензии кон државата Македонија, сонувајќи за Санстефанска Голема Бугарија од 1878 година!
И, да се вратиме на рускиот “етнички и јазичен инжинеринг“ наречен Бугари и Бугарија! За ова јасно зборуваат руските царски официјални лица, пред се грофот Игнатиев. Кој е грофот Николај Павлович Игнатиев?
Грофот Николај Павлович Игнатиев е руски државник и дипломат кој стана најпознат по неговиот агресивен експанзионизам во функција на рускиот империјализам. Во опиумските војни меѓу Кина и Велика Британија, Франција и Русата Империја, грофот Игнатиев обезбедил Руското Царство да добие голем дел од кинеската територија во договор соПекинг од 1860 година (Манџурија, приморјето на Кина…)
Како руски амбасадор во Османлиското Царство од 1864 до 1877 година, гроф Игнатиев работел на разгорување на пансловенското чувство и национал-шовинизам против Османлиите. Најголема заслуга имал со таканаречениот “Бугарски бунт“ од април 1876 година, кој во основа и не преставува некаков сериозен бунт, освен што руската царска тајна служба го организирала и извела со свои луѓе за да иницира поголеми судири со Османлиското Царство. Гроф Игнатиев ја охрабрил и убедил руската влада да и’ објави војна на Османлиското Царство во 1877 година и по одлучувачката руска победа,преговарал за Договорот од Сан Стефано од 3 март 1878 година. Со овој договор требало да се зајакне руското влијание на Балканот преку т.н. Голема Бугарија. Поради интервенцијата на Австро-Унгарија, Британија и Франција веќе ја објаснивме судбината на Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година со Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година.
Како министер за внатрешни работи на Руската Империја од 1881 до 1882 година, грофот Игнатиев промовирал ултраконзервативна пан-словенска руска национал-шовинистичка политика.
После повеќето руско-османлиски војни и притисокот на европските големи сили за реформи во Османслиската Империја, познати како Танзимат, со спогодба помеѓу Руското Царство и Османлиското Царство се формира словенска Православна Црква, која требало да биде независна од Константинополската патријаршија, а која е именувана како Бугарска Егзархија. Со помош на руските дипломати во Цариград, на 28 февруари 1870 година султанот Абдул Азиз издал ферман со кој била призната самостојна Бугарска егзархија. Практично тие што не сакале да останат под Цариградската патријаршија, поради претходно забранетата Охридска Архиепископија ја прифаќале јурисдикцијата на Бугарската Егзархија која богослужела на старо-словенски или старо-македонски јазик, а не на грчкиот неразбирлив јазик. За нештата да бидат појасни, Бугарин и Грк не означува етничка туку верска припадност, верниците во Цариградската Патријаршија се нарекуваат Грци, а верниците во Бугарската Егзархија се нарекуваат Бугари. На таа основа, денешна Софија тврди дека Македонците во целина се Бугари, затоа што во тоа време македонските цркви биле под јурисдикција на егзархиските епископи! Некои македонски цркви останале под јурсдикција на Цариградската Патријаршија и грчките епископи. Православните во Османлиското Царство се делеле на егзархисти односно Бугари и патријаршисти односно Грци!
Русија ја ослободи територијата на која се формира Кнежеството Бугарија. Бугарија беше стратегиски проект на Русија, која во 1877 година и’ објави војна на Османлиското Царство само заради таа цел. НаБерлинскиот Конгрес таа територија стана автономно Бугарско Кнежевство на чело со првиот кнез – принцотАлександар I Батенберг. Преставниците на Руското Царство влијалеле врз Бугарите да ја прифатат кандидатурата на германскиот офицер, принцот Александар од Батенберг, кој бил роднина на руската царица Марија, жена на рускиот Цар Александар II.
10 години со Бугарското Кнежество управува руска администрација, во која има само еден бугарин, Марин Дринов. Војската на Бугарското Кнежевство била составена од 90% руски официри, а генералштабот дури од 100% руски генерали, без ниту еден бугарин.
Руската граѓанска шрифта, или реформираната Руска азбука или Руска кирилица од крајот на 17 и почеток на 18 век,станува официјална Бугарска азбука, на новото Бугарско Кнежевство и новиот официјален јазик кој е словенски јазик.
Руската Дума во договор со Турција го прифаќаат новиот Устав на Бугарското Кнежевство, познат како Трновски Устав, кој бил во употреба од 16 април 1879 година до 4 декември 1947 година заменет со Уставот на Ѓорѓи Димитров. Во Трновскиот Устав е утвдено дека “Сите родени во Бугарија, кои немаат друго државјанство, и оние родени на друго место од родители бугарски државјани, се државјани на Бугарското Кнежевство. Странци можат да примат бугарско државјанство, со одлука на Народното Собрание. Секој државјанин на Кнежеството може да се откаже од државјанството, кога ќе отслужи воен рок и ги исполни другите должности кон државата. Политички права имаат само граѓаните на Бугарското Кнежевство…“ Бугарското Кнежевство се прогласува за Бугарско Царство дури во 1908 година на чело со германскиот Принц Фердинанд Саксо-Кобург-Готски, роден во Виена, кој од 1887 до 1908 година бил кнез, а за Цар се титулирал од 1908 до абдикцијата во 1918 година.
Во 1879 година после повеќе децении работа на Руската Академија од Петроград, рускиот академик и историчар Матвеј Соколов ја публикува новата лажна историја на Бугарското Кнежевство “Древна истории Болгара“, со фалсификати на историските факти од византиски, римски, турски и други европски архиви. И затоа во Буагрија науката лета од еден во друг век, од еден на друг крај на светот, никако да си ги пронајдат корените. Стигнаа до Исус Христ е Бугарин, па и Клеопатра, до Бугарија колевка на вампирите и морските сирени. Шарлатан до шарлатан, цел хербариум!
После куса историска елаборација, наградното прашање е: Кој е производ на “етнички и јазичен инжинеринг“? Бугарите или Македонците? Се расчачкаа софиските врховисти со Македонија со ВМРО и Илинденското востание, ама некој сакајќи уши ги изгубил и роговите. Македонците не сакаат да бидат дел од Големата лага наречена Бугарија. Но, ќе им помогнеме на браќата и сестрите Македонци и Македонки, бидејќи основата на Бугарија е Македонија, без Македонија Бугарија нема корен и историја. А, затоа што се наши, ќе ги ослободиме од лошиот дух и од облаците над Татарстан, Кина и Монголија, повторно ќе ги вратиме на мајката земја МАКЕДОНИЈА!
И не случајно и Рускиот Патријарх г.г. Кирил на 7 март 2018 година во Софија му одржа историска лекција на бугарскиот претседател Румен Радев, дека Бугарија ја фалсификува историјата, негирајќи ја улогата на Русија во ослободувањето на Бугарија од османлиската власт. Патријархот Кирил неколкупати му посочи на престедателот Румен Радев, дека е разочаран од сознанието дека Бугарија, за која Русија дала премногу крв, ја негира улогата на Москва во нејзината слобода! Тогаш, што може да очекува Македонија од Бугарскиот Меморандум, кога за бугарските злодела врз Македонците од времето на бугарската фашистичка окупација во Втората Светска Војна и депортацијата на Евреите од Македонија преку Софија во концлогорите во Треблинка во Полска, Бојко Борисов и Андреј Ковачки се закануваат со вето за почеток на преговорите со Европската Унија?!
Што и да прават во Софија, никогаш нема да ги присвојат Македонија и Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македојија, во светот и татковината, а досега лажната историја чекор по чекор ќе им ја демистифицраме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *