На “Макфест 2020“: Публиката не гласаше, жирито одлучи – победници се “Нокаут“

Фестивалот во ова време на пандемијата беше беспрекорно организиран и за прв пат на отворена сцена, па сега организаторот размислува и идната година “Макфест“ пак да биде на отворено бидејќи тоа многу им се допаднало скоро на сите.

После толку бури и олуи дали ќе го биде или не, сепак го бидна, овогодинешниот “Макфест“ успешно заврши и тоа на отворено.

И ако публиката не гласаше, изборот на наградите го направи стручното жири, составено од познати македонски имиња од различни професии. Фестивалот во ова време на пандемијата беше беспрекорно организиран и за прв пат на отворена сцена, па сега организаторот размислува и идната година фестивалот пак да биде на отворено бидејќи тоа многу им се допаднало скоро на сите.

Победничка песна на 35-то издание на „Макфест“ е „Сакам да живеам“ со Пере и групата “Нокаут“, втората награда е за „Ден по ден“ изведена од Ѓоко Таневски и трета награда за „Ако те изгубам“ во изведба на Омер Џаферовски. Наградата за најдобар сценски настап ја доби Виктор Апостоловски – „Срца камени“, а за најдобар дебитант беше прогласена Полина со „Сѐ се врти во круг“

Одлично расположениот Пере од “Нокаут“ по прогласувањето на победниците (за Миа) изјавил: – По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го примети, дека има некаков квалитет што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото тоа го почувствувало. Најважно е за мене да се почувствува песната, да се пренесе енергијата кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *