Повеќе од 60.000 доброволци во Москва се пријавиле за руската вакцина

Повеќе од 60 000 луѓе се пријавиле доброволно за да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, изјави градоначалникот , Сергеј Собјанин.

„Повеќе од 60.000 луѓе се пријавија доброволно, илјадници луѓе ги поминаа потребните медицински тестови за да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање“, рече Собјанин во интервју за програмата на телевизиската станица „Русија-1“.

Според ТАСС, Собјанин додал дека повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината наречена „Спутник V“ како дел од тестирањето, и дека сите се чувствуваат добро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *