„За музиката“ од академик Здравев промовирана на МСУ „Г.Р.Державин“

На Славјански промовирана книгата “За музиката“ од академик Георги Здравев (фотогалерија)
На Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола пред полна сала беше промовирана книгата „За музиката“ од академик Георги Здравев.

Промотор на книгата беше Владо Ѓорески кој со инспиративен говор го привлече вниманието на публиката, а говореше за времето минато и сегашно од аспект на важноста на музичката уметност и за авторот кој своето огромно знаење го преточе на страниците на книгата. Со свои излагања за делото се осврнаа и професорките Марина Коруновска и Маја Митревска, а издавањето на книгата го поздрави и основачот на МСУ „Державин“, проф.др.Јордан Ѓорчев.

Инаку професор Здравев е основоположник на музичката уметност во Битола и свој удел има вложено и во првата македонска опера. Академик Георги Здравев се заблагодари на Универзитетот кој го издаде ова дело, а целата промоција беше проткаена со прекрасните изведби на младите солисти Елеонора Џоџоска, Михаела Пееска, Елена Башеска, Јована Котевска и Ангела Трајчевска и ученици школата „Коруновски“, Александар Гацоски во пијано придружба на проф. м-р Александра Јанковска и Томе Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *