Прифатена иницијативата за бесплатен градски превоз при енормно загадување на воздухот

Советот на Општина Битола на вонредна седница, попладнево ја прифати иницијативата на градоначалникот на Битола Наташа Петровска и донесе одлука за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 mg/m3.

Одлуката е во функција на надминување на алармантната состојба со која се соочуваат битолчани, односно намалување на причините за загадување на амбиенталниот воздух во Битола.

-ПОБАРАВ ОД АВТОБУСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ВО ГРАДОТ ДА ОВОЗМОЖАТ БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ВО КРИТИЧНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ДЕНОВИ, ОДНОСНО ДА ИМ ОВОЗМОЖАТ НА ГРАЃАНИТЕ БЕСПЛАТНО ВОЗЕЊЕ, А ОПШТИНАТА ОД СОПСТВЕНИОТ БУЏЕТ ЌЕ ИЗВРШИ НАДОМЕСТ ВО ВИСИНА ОД ПРОСЕЧНИОТ ПРИХОД ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ДЕНОВИ, ПОЈАСНИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА.

Барањето на градаоначалникот на Општина Битола го прифатија сите овластени превозници на автобуски линиски превоз, а одлука за субвенционирање донесоа членовите на Советот на Општината, односно од сите претставници на политичките партии од власта и опозицијата во овој град.

-АВТОБУСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПОКАЖАА ГОЛЕМА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ, А СО ОДЛУКАТА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ОВОЗМОЖЕНА Е ЗАКОНСКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНИЦИЈАТИВАТА. НО, НИЕ ОСТАНУВАМЕ ОТВОРЕНИ И ЗА ДРУГИ ИНЦИЈАТИВИ И ПРЕДЛОЗИ КОИ РЕАЛНО МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ, А ДА СЕ УБЛАЖАТ СОСТОЈБИТЕ СО ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ ВО БИТОЛА, КАЖА ПЕТРОВСКА.

Воедно, таа додаде дека протестите како демократска можност се мерка доколку властите „се глуви” на иницијативите и барањата, но препорачува демократско однесување, а не насилие.

Од Општина Битола по вонредната седница на општинскиот Совет информираа дека освен краткорочните паралелно се реализираат долгорочни мерки и во таа смисла идејниот проект за гасификација е завршен. Се очекува во почетокот од наредната година ќе бидат поставени првите цевки на секундарната мрежа од гасоводот во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *