АЛАРМАНТНО: По Преспанското и Охридското Езеро, Мавровското се претвори во баричка (ФОТО)

Алармантна е ситуацијата со езерата во нашата земја. Имено, според фотографиите кои ги објави Курир се гледа тажната слика од нашите најголеми бисери во земјава, Преспанското, Охридското, а сега веќе и Мавровското Езеро кои буквално пресушија поради негрижа на власта.

Ваквиот несоодветен третман кон природата е само уште еден доказ дека власта предводена од СДСМ буквално мува не ја лази за уништувањето на нашите национални паркови и богатства.

Фотографиите ова утро од Маврово буквално се фрапантни, а граѓаните преку социјалните мрежи веќе со недели апелираат да се спаси и Преспанското Езеро, а од вчера и Охридското чие ниво на водата видливо е намалено.

На крајот ЌЕ СНОСИ ЛИ НЕКОЈ ОДГОВОРНОСТ?, е прашањето кое ги мачи речиси сите граѓани на оваа земја.

Преспанско Езеро

Преспанско Езеро

Охридско Езеро

Охридско Езеро

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *