Новинарка го праша Нуредини до кога планира да зборува на англиски јазик, а тој и одговори на македонски (ВИДЕО)

На денешната прес конференција на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини каде тој го претставуваше четири годишниот план на Министертсвото, му беше упатено новинарско прашање, зошто не зборува на македонски јазик на прес конференциите.

„Веќе година ипол сте министер за животна средина и просторно планирање, албански зборувате скромно, македонски речиси воопшто дали се уште планирате прес конференции на јазикот кој што не е сроден“, праша новинарката.

На ова министерот Нуредини одговори дека полека го учи македонскиот јазик.

https://www.facebook.com/watch/?v=451989145706898&extid=cDWpvkO3238eQ4on

„Ви благодарам на прашањето, и ве разбирам многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не баш лошо да знаете, веќе сигурно не зборите албански, албански не е лошо. Ќе зборам во иднина и на македонски“, рече Нуредини.

Нуредни на денешната прес конференција се обрати на албански јазик, а новинарските прашања ги одговараше на англиски јазик.

Тоа беше последното прашање, а реакцијата на министерот може да ја погледнете во прилог (52 минута)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *